Хотел Манастир има три хотелски крила, во чии што состав влегуваат 6 стандард соби, 2 соседни стандард соби, 6 студиа, 8 супериор соби, 3 двособни апартмани, 3 супериор апартмани и 2 двособни супериор апартмани , со располагање на вкупно 70 легла. Сепак при полна негова искористеност, хотелот може да прими 90 лица. Сместувачкиот капацитет, е одлика на „модерното“, од причина што такво е побарувањето на денешниот современ турист, кој има потреба од удобност и конфор.Сите соби се опремени со директна телефонска линија, мини бар, LCD-TV со кабловска, бесплатна безжична интернет конекција, бања со тоалет, воедно истите, со исклучок на неколку, имаат и тераса со неповторлив поглед. Апартманите и собите немаат клима – уреди поради тоа што климатските услови се такви што воопшто нема никаква потреба од истите. Овде можете да уживате во пријатната дневна температура и во текот на летото кога во останатите делови од државата владеат неподносливо високи температури, додека пак ноќите се свежи и предусловуваат вистински одмор и сон. Во зима објектот се затоплува со сопствено парно греење .