Ресторанот чиј ентериер се одликува со елементи на етно-куќа и ресторанската тераса која е во рустичен стил, ги опслужува национална кујна, мени богато и со локални специјалитети, богатство на избор на еко-производи и производи од органско потекло, кои се привилегија карактеристична за беровскиот регион: Малешевската тава, горскиот компир, беровското сирење, буламачот, качамакот со домашно масло и ребра, домашното лепче, попарникот, бабината торта, слаткото од шумски јагоди..., ќе ги разгалат вашите сетила и ќе ве изненадат со вкус кој никогаш не се заборава.

Малешевска тава

Малешевска тава, припремена од неколку вида на свежо месо, различни типови на печурки, зеленчук, зачини, кои заедно го доловуваат нејзиниот специфичен вкус

Качамак со клиси

Качамак со домашно кравјо масло, кое му дава единствен вкус, тазе ребра и Беровско бело сирење, специалитет кој не враќа на трпезата на нашите баби.

Буламач

Буламач е млечен специјалитет, кои може да се вкуси единствено на територија на Малешевијата. Неговиот впечатлив вкус не можете да го споредите со ништо, што до тогаш сте го пробале.

Зелник

Сукан и месен од вештите раце на готвачите на „Манастир“, асоцијација за вкусен оброк, особено доколку го комбинирате со карактеристичните за ова поднебје млечни специјалитети.

Печено јагне

Малешевско јагне, надалеку познат специјалитет, без кој не може да се замисли ниту еден празник во Малешевијата, за очи примамливо, по вкус неповторливо, а за дегустација гастрономско уживање.

Компир за топење

Малешевско макало од компир, зеленчук и зачини, послужено на специфичен начин, во „кукла“ од домашен `ржан леб, кој и самиот го надополнува и онака преубавиот вкус на традицијата

Горски компир

Горски компир, жолт како костен, приготвен од внимателно одбрани парчиња, е вистински претставник за посебниот вкус на планински компир, одгледан во пазувите на Малешевските планини.

Бабина торта

Торта која во себе ја крие тајната на умешните домаќинки, секоја нејзина коричка е приготвена со многу искуство и знаење, а нејзиниот вкус потсетува на вкусот на љубовта.

 

Во склоп на ресторанската тераса има и традиционална фурна во која се приготвуваат голем број од специјлитетите на „Манастир“