Организирани активности

Хотелскиот комплекс Манастир, е место каде што луѓе од сосема различни профили, со различни желби и потреби се пронаоѓаат себе. Специфичната понуда од вариетет на релаксација и рекреација кои ги препорачуваме и организираме, се состои од различни видови активности предводени од водич како: прошетка по знаменитости со обичајно, културно и историско значење, традиционални занаетчиски работилници, копаничарска, калајџиска, ткајачка, посета на историско-етнолошкиот музеј, на манастирот св. Архангел Михаил и манастирот св. Богородица, шетање, планинарење и велосипедизам по маркирани планински патеки, приготвување на скара во природа покрај езеро, оброк на бачило со три вековна традиција, на 1400м надморска висина, каде храната која се служи е подготвена на самото бачило, а е приготвена од намирници одгледани во неговата околина, организирано контакт-социјализирање со месното население, со цел одблизу да се доживее фолклорот, низ ракотворбите, музичките инструменти, песните и обичаите кои со векови се пренесуваат од колено на колено, лов и риболов, кајакарење на мирни води....

Планинарење

св.Богородица

Кајакарење

Бачило

Зима

Брегалница

св. Архангел Михаил

Вулкански карпи