Доделена пофалница за најавтентичен хотел

Манастир е пример за тоа како треба да изгледа еден хотел кој ги носи карактеристиките на нашата земја. Од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ ,му беше доделена пофалница за „Најевтентично уреден хотел во РМакедонија“.

Признанието е големо бидејќи е доделено од најрелевантната институција по ова прашање кај нас. А пак од асоцијацијата за развој на алтернативниот туризам, на ниво на осум балкански земји и Италија, Балканиа, „Манастир“ доби благодарница за „Поддршка во организацијата и учество на Првиот балкаски форум за алтернативен туризам“.

Нивното поздравување на нашата работа, за нас претставува стимул кон нови заложби за квалитетна понуда во духот на традицијата.