Почитувани!

Автентична градба, сместување кое е одлика на модерен комфор,  традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од органски и еко-производи, релаксација: со СПА содржини, на нашите летни тераси и во прегратките на прекрасната живописна природа, рекреација авантури: планинарење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, кајакарење на мирни води, излет со скара покрај езеро, оброк на бачило со три-вековна традиција..., тематски туризам-прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови  потребни за семинарски туризам, е она кое ние Вам Ви го пружаме на располагање, дали ќе дојдете со цел релаксација или рекреација или работна посета, верувајте дека сте го направиле вистинскиот избор и дека ќе имате незаборавен помин, полн со прекрасни впечатоци!

„Манастир“ е приказна која изобилува со љубов и зрачи огромна позитивна енергија, а  тоа видливо се одразува на нашите гости. И покрај тоа што може да се работи за луѓе од сосема различни профили, нашата понуда е таква да сите  тие овде се чуствуваат повеќе од пријатно и се пронаоѓаат себе. Не се воздржуваат да го изразат своето задоволство од престојот кај нас, а секако и понесуваат прекрасни спомени кои ги споделуваат со своите најблиски. Сето тоа ни причинува огромно задоволство и не ни дозволува работата да ни стане рутина, туку не влече како магнетна сила напред, во нови предизвици на креативно делување  и се со цел за подобра услуга и на што е можно подобар начин да им излеземе во пресрет на вашите желби и потреби, бидејќи живееме во време на интензивен, брз, динамичен начин на живот и на сите нас ни е потребно да ја обновиме нашата животна енергија, а „Манстир“ е вистински избор кон таа цел, повелете, дојдете, посетете не!

 Дафинка Муцунска-Станковиќ, извршен директор на хотелскиот комплекс „Манастир“.

Презиме* *
Име* *
Е-маил* *Invalid format.
Град/Место
Држава
Број на пасош или ЛК
Телефон
Датум на доаѓање
Датум на заминување
Вид на престој
Престојот започнува со
Вид на соба/апартман
Број на лица
Број на соби
Коментар
 

Услови за откажување резервација:

• 10 дена пред закажаниот термин без надомест

• од 9 до 5 дена пред резервираниот термин 30% надомест од сумата на истиот

• по 5 ден пред резервираниот термин 50% надомест од сумата на истиот

 

Контакт информации

Хотел Манастир

Адреса: ул. Кирил и Методиј бр.6 Берово

Тел.: +389 (0) 33 279 000

факс: +389 (0) 33 279 037

E-mail: info@hotelmanastir.com.mk