Сместување
„Манастир“ има три хотелски крила, во чии што состав влегуваат 10 апатрмани од кои еден е делукс, 21 соба и 6 супериор соби, со располагање на вкупно 67 легла. Сепак при полна негова искористеност, хотелот може да прими 100 лица. Сместувачкиот капацитет, е одлика на „модерното“, од причина што такво е побарувањето на денешниот современ турист, кој има потреба од удобност и конфор.Сите апартмани и соби се опремени со директна телефонска линија, мини бар, кабловска ТВ, бесплатна безжична интернет конекција, бања со тоалет, воедно истите, со исклучок на неколку, имаат и тераса со неповторлив поглед.
Апартманите и собите немаат клима - уреди поради тоа што климатските услови се такви што воопшто нема никаква потреба од истите. Овде можете да уживате во пријатната дневна температура и во текот на летото кога во останатите делови од државата владеат неподносливо високи температури, додека пак ноќите се свежи и предусловуваат вистински одмор и сон. Во зима објектот се затоплува со сопствено парно греење.






