Во источниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 800 до 900 метри, во подножјето на Малешевските Планинисе(највисок врв-Кадиица 1932м) наоѓа Берово, мало планинско гратче.
Берово и Малешевијата се мала територија, но во нив постои уникатна комбинација од изнвонредно сочувана природа, културно-историско наследство, етнографија, традиционална музика и ракотворби.
Овде владее умерено континентална клима која на некои места се модифицира и преминува во планинско-континентална, а се карактеризира со студени зими и свежи лета. Берово е град со највисока концентрација на кислород на Балканот. Средната годишна температура во општината е 11.1˚C.  Берово е град со најмногу сончеви денови во текот на годината во Република Македонија, со просечен износ од 6.4 сончеви часови дневно.
Интересни места за посета:

Историско-етнолошкиот Музеј на Берово

Cместен во зграда од 19-ти в.,кја е реновирана со задржување на автентичниот стил на градба. Историската поставка се состои од документи и предмети од времето на Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп Георѓиев  Беровски, Разловечкото востание... Како дел од поставката се и антички и средновековни монети, кои говорат за економскиот развој и трговските односи на Малешевијата. Етнолошката поставка се состои од реконструкција на малешевска соба, малешевска носија, малешевски накити, грнчарско производство, музички инструменти и реконструкција на малешевска ковачилница.

Црквата Св. Архангел Михаил

изградена во периодот од 1815 до 1818 г., се наоѓа на излезот од Берово, на патот кон езерото. Ликовите на светителите се насликани во карактеристичен стил кој отстапува од византиските канони. Женскиот манастир при самата црква играл важна улога во народно-ослободителната војна на македонскиот народ, како и во описменувањето на нашето тло, со делувањето на првото келијно училиште, денес се сочувани голем број на стари книги кои предизвикуваат почит и восхит.

Црквата Пресвета Богородица

изградена 1972-1975 година, во стилот на византиско-македонските цркви од среден век. На тоа место постоела црква уште од далечно минато, која пак била градена на темели на уште постара црква. Празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, се прославува на 28 ми август, кога Берово е домаќин на славата, организирана во манастирот и е посетена од огромен број верници, поклоници на културата и традицијата и туристи.

Црквата Рождество на Пресвета Богородица

е еден од препознатливите белези на Берово, таа се наоѓа во центарот на градот и на збиднувањата за жителите и посетителите, изградена во 1912 година, а осветена во 1922.

 

Маркирани археолошки локалитети

  • Бреза, населба од доцноантичкото време.
  • Врчвите, некропола – тумули од железното време.
  • Градиште, населба и некропола од доцноантичкото време.
  • Долно Градиште - Абланица, населба од римското време.
  • Келаклевец, населба од доцноантичкото време.
  • Куќата, населба од римското време.
  • Широк Дол, могили од доцноантичкото време.
  • Ковачилница, утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век.
  • Линако, населба од доцноантичкото време.
  • Пашајлов Преслап, населба од доцноантичкото време.
  • Попов Рид, градиште од доцноантичкото време.
  • Свети Архангел Михаил, средновековни јами.
  • Селца, населба од римското време.
  • Шабанско Градиште, градиште од доцноантичкото време.
  • Во Малешевскиот регион се уште се негуваат и практикуваат традиционалните занаети: копаничарство, кујунџиство, ковачкиот, калајџискиот, ткајачкиот

  • Жените од Малешевијата како чувари на традицијата сеуште со голем ентузијазам обработуваат волна од овци и кози и изработувајки облека, јамболии, килими, черги и др.
  • филцот е техника која во Mалешевијата e позната од многу одамна, како правење на „калчини“, потколеници и елеци
  • Копаничарите од Малешевскиот регион се познати по квалитетната изработка на секаков вид резба – плитка, длабока, поткопана, ажурна и скулптурна, како и по раскошните декоративни елементи за ентериери.
  • Кујунџиството и златарството како занаети биле неразделен дел од секојдневниот живот на Малешевци.
  • Бачила и колиби каде што на традиционален начин се одгледуваат овци и се подготвува надалеку познатото Малешевско сирење и специфични млечни специјалитети
  • Малешевијата се гордее со својот компир и слива, но и еколошки произведената и здрава храна
  • Млекото од овците, кравите и козите се користи и за правење на познатите малешевски специјалитети: Малешевско (Беровско) сирење, биено сирење, жежено сирење, кашкавал, буламач, урда, матеница и др
  • Пчелите што Малешевци ги одгледуваат го даваат најдобриот мед - планински и ливадски. Медот може да го вкусите и со многубројните додатоци како ореви, бадеми, лешници. Освен медот многу барани производи се и матичниот млеч и прополисот, кој наоѓаат примена во лекување на разни болести. Медот во саќе е пак своевиден специјалитет.
  • Природата во Малешевијата е исклучително богата со шумски диви плодови. Во зависност од годишното време, може да вкусите диви јагоди, капини, малини, боровинки, трнки, дренки, јаболки, сливи или пак да понесете со себе разни лековити билки за чај .
  • Fashion Caffee

    Calipso

    Refresh Caffee

    Културни настани

    Бројни културни настани кои се случуваат со децении наназад и говорат за традицијата, обичаите, животот на месното население:

    20 Јануари - Ратевски карневал “Бамбурци“ 

    Овој карневал е културна манифестација, која се одржува во с.Ратево, а директно е поврзана со верскиот празник “Собор на Свети Јован Крстител“ – Јованден. Маскирањето е традиционално со животински кожи и звона. На карневалот учествуваат со маски  гости од други места од Македонија  и странство.

    Март/Април - Велигден. Избор на најцврсто и најубаво декорирано јајце.

    Секоја година на Велигден се организира културана манифестација и натпревар  за избор на најцврсто јајце (качор) и за најубаво украсено јајце.

     

    2 август: Илинден

    Секоја година и во Берово се одбележува националниот празник со два поводи: одбележување на Илинденското востание и одбележување на Заседанието на АСНОМ.

     10-18. 08. – Ликовна колонија Берово

    Ликовната колонија Берово, континуирано се организира од 2003 година и има меѓународен карактер, со учество на уметници од Македонија,  Бугарија и Србија. Делата кои ќе произлезат од неа, секоја година се изложуваат во Берово, како и  во повеќе градови низ Македонија.

     

    23. 08. – Ден на Општина Берово

    Денот на ослободувањето на Берово е празник кој е проследен со традиционален вечерен концерт, како и низа на културни настани во текот на денот, меѓу кои и изложба на дела од Ликовната колонија.

    23 - 28. 08 - Меѓународен фолклорен фестивал “Малешевски фолклорни средби“.

    Секоја година во месец август во Берово се организира меѓународен фолклорен фестивал, на кој е домаќин КУД  “Димитар Беровски“ од Берово, а земаат учество фолкорни состави од Р. Македонија, Р. Бугарија и Р. Србија.

    27 - 28. 08. – Етно Плоштад фестивал-меѓународен етно фестивал

  • Етно капм- концерт и музичка работилница која обединува интернационални признати изведувачи
  • „Малешевијата на дланка“-саем на традиционални прoизводи здрава храна, вешти раце и сувенири и резби
  • Малешевски фолклорни средби
  • 28. 08. - Успение на пресвета Богородица

    Празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, е временски врзан со меѓународниот Етно Плоштад фестивал.

    Октомври  - Меѓународно рели со теренски возила

    На почетокот на октомври, во организација на АМС на Македонија и Џип рели спорт Скопје,  Берово секоја година е домаќин на меѓународно рели со теренски возила. Настанот се организира на месноста Шушлевец, на патека која е специјално подготвена за потребите на релито.

    Октомври - Ден на компирот во Малешевијата.

    Манифестацијата е со изложбено-продажбен карактер, на која што се претставуваат различните сорти компири и за време на која што можете да дегустирате од локалните специјалитети од компири во комбинација со прочуените малешевско сирење и малешевска сливова ракија. 

    Декември - Поход од с. Русиново до Петлец   

    По повод одбележувањето на денот на смртта на македонскиот револуционер Дамјан Груев и оддавање чест за неговото дело, секоја година се организира поход од с. Русиново до планината Петлец, на местото каде што е тој убиен во 1906 г.