ng

Хотелскиот комплекс Манастир е сместен сред  божествената убавина на Малешевијата, веднаш до манастирот  Св. Архангел Михаил од кој е добиена и инспирацијата за неговата специфична манастирска архитектура Со почитта кон историјата и традицијата, а со цел да не се наруши вонвременската убавина на градбата успеваме да постигнеме  беспрекорна хармонија меѓу вековното и ново-создаденото со што создаваме целина во која ќе можете да се релаксирате и уживате во незаборавните вкусови на гастрономските специјалитети и автентичната етно атмосфера. Хотелскиот комплекс Манастир располага со три хотелски крила, СПА содржини, сала за семинари, две летни тераси, „чардак“, терен за тенис, терен за одбојка,  детско игралиште и секако надгледуван паркинг простор. Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и mount-biking, како и за оние кои бараат авантури и предизвици, но исто така и за поклониците на ловот и риболовот, а и кајакарите на мирни води токму овде ќе го пронајдат она по што трагале. Во денешниот свет на висока технологија и интензивен брз, динамичен начин на живот, на сите нас ни е потребно да ја обновиме нашата животна енергија, а „Манстир“ и еко-туризмот се вистински избор кон таа цел!